Понекогаш помислуваме дека болките во зглобовите, грбот или рамената нема никогаш да престанат. Ова особено важи кај оние луѓе кои боледуваат од ревматоиден артритис, ишијас, шилци и слично. Но кинеските научници кои долго време се занимаат со изучување на алтернативната медицина дојдоа до заклучок дека во нашето домаќинство скоро секогаш имаме нешто кое ни е на дофат на рака, а може да биде одличен лек токму за овие болки.
Станува збор за алуминиумската фолија која доколку се стави на болното место како завој придонесува болката на тоа место значително да се намали, па и да исчезне. Третманот е едноставен. Само треба да исечете парче фолија и да го залепите на болното место со што ќе го чувате така цел ден и цела ноќ. Доколку го практикувате ова 10 до 12 дена се очекува болките сосема да исчезнат. Доколку има потреба, по пауза од една до две недели третманот може да се повтори.
Причината за благотворното делување на алуминиумската фолија се крие во биопотоците кои минуваат низ нашиот организам во биолошка активна точка, се одразуваат и се враќаат назад на меридијанот од каде што излегуваат. Ова многу благотворно дејствува врз болните органи, со кои што овој меридијан е поврзан. На овој начин лесно се отстрануваат болките.
На ист начин се лекуваат и постоперативните лузни, со тоа што фолијата се става на местото на хируршката трага.