Иако безбедноста на пациентот не засега сите и влијае на секој од нас, не е тема за која често се зборува. Затоа во светот оваа недела се одбележува и е посветена на подигање на свесноста за безбедност на пациентите.
Безбедноста на пациентите е прашање од јавен и здравствен карактер. Но доколку не сме дел од здравствениот систем, не сме пациенти или пак не сме членови од семејството на пациентите кои преживеале некаква штета од медицински аспект, тогаш не би знаеле за што зборуваме. Оваа недела служи за едукација и информирање на јавноста за тоа кои се советите и начините на превенција од потенцијално-нанесените штети од медицински аспект врз здравјето на пациентите.
Според дел од светски реномираните здравствени работници, лекувањето само по себе е огромна и значајна тема за разговор. Но она на кое треба да се внимава е добрата комуникација помеѓу пациентите и медицинскиот персонал. Пациентите треба да ја гледаат својата врска со здравствените работници како партнерска каде тие ќе поставуваат прашања и ќе бараат појасни инструкции се додека целосно не го разберат крајниот план за нив. Медицинските сестри треба да му обезбедат време на пациентот да поставува прашања. Некои од пациентите се возбудени од целата медицинска постапка и при тоа не го слушаат секој еден збор кој го кажуваат здравствените работници. Она кое што може да ги спречи грешките е давањето на последна шанса на пациентот да постави прашање за состојбата во која се наоѓа со цел подобро и појасно да разбере како правилно треба да ги почитува и практикува насоките дадени од медицинското лице.
Здравствените работници доаѓаат на работа секој ден со цел да ги излечат болните. Но медицината е една комплексна гранка, а приборот за работа не е секогаш на своето ниво. Неисправните системи, а не невнимателните луѓе предизвикуваат најголем дел од штетите кои се случуваат врз здравјето на пациентите.