Вака комбинирана храна може да предизвика дигестивни проблеми, а особено лицата со чувствителни стомаци треба да ги избегнуваат. Ако ја внесувате оваа комбинација на храна подолг период, постои можност да се јават хронични дигестивни проблеми.
Овошје со друга храна
Овошјето е најдобриот извор на витамини и антиоксиданти, но содржи и киселини кои предизвикуваат ферментација во стомакот, па тоа доведува до успорување на варењето на друга храна. Покрај тоа, овошјето предизвикува и надуеност. За да се избегне негативното влијание на овошјето најдобро е да го консумирате на празен стомак.
Месо, риба и млечни производи
Уште една комбинација која е често присутна на трпезите. Тоа што е погрешно тука е дека оваа комбинација многу лошо влијае на системот за варење. Ако сакате организмот да ги користи сите хранливи состојки од месото и млечните производи, тогаш најдобро е да ги јадете одделно.
Значи, месото треба да го јадете во комбинација со зеленчук. Исто така, се однесува и за млечни производи како сирење, павлака, крем. Овие намирници најдобро е да се консумираат со зеленчук.
Месо и компири
Ова е веќе типична комбинација на овие простори која никако не се препорачува. Протеините од месото се варат во стомакот, додека скробот од компирот се вари во тенкото црево. Докажано е дека оваа комбинација го забавува метаболизмот, што за последица има забрзано дебелеење.
Млеко и било што друго
На многумина им е тешко да го прифатат фактот дека млекото е оброк сам за себе и не треба да се меша со други намирници. Причината за ова е што варењето на млеко е многу комплексно. Единствената препорачана работа која можете да ја комбинирате со млекото е медот, бидејќи заедно многу добро делуваат на микробите.