Откријте кои се намирниците кои ги саботираат складиштата на калциум.
- Алкохол
Велат дека чаша црно вино е добра за здравјето, но алкохолот може да биде главен виновник зошто вашето тело не добива доволно калциум. Претераното внесување на алкохол влијае на панкреасот и пречи во апсорбацијата на калциум и витаминот Д, со тоа го зголемува производството на хормонот кортизол, кој е потенцијално деструктивен за вашите коски. Ако покрај пијалокот имате навика и да пуштиме, време е да престанете со овие навики, бидејќи така ќе ги уништите коските.
- Газирано
Овојпат не е проблемот во меурчињата, туку во количината на кофеинот и фосфорната киселина присутни во некои од освежителните напитоци, кои доколку се конзумираат во поголеми количини можат да пречат во природната апсорбација на калциум.
- Сол
Гриата околу претераната конзумација на шеќер толку зема замав, што понекогаш забораваме колку низ исхраната повеќе внесуваме сол отколку што ни е потребно. Солта се крие речеси секаде, а влијае на апсорбација на калциумот така што телото прави баланс. Секој пат кога базната киселина во организмот се дестабилизира, нашето тело ќе настојува да ја обнови количината на калциумот, а знаеме дека калциумот го има најмногу во коските. Резултат се ослабените и крути коски.
- Премногу протеини
Со преголемото внесување на намирници богати со протеини може да се поремети PH вредноста во организмот, што пак, влијае на количината на калциумот. Совет е да се обидете да не ги преминувате дневните дози, што е околу 45г протеини кога се жените во прашање.
- Кофеин
Доколку здраво и балансирано се храните, нема да ве загрози пиењето кафе со другарките, но чувајте се од акумулација на кофеинот во организот, кој на долги стази може да биде опасен за вашите коски.