Да бидеме искрени, ретко кој не е под стрес, но ретко кој му обрнува доволно внимание на стресот кој подоцна може да резултира со фатални последици.
Ова се шесте најчести симптоми на стрес за кои најверојатно не сте чуле досега.
Многу е важно да не ги игнорирате!
1. Болки во стомакот
Нервниот систем е поврзан со желудникот, па воопшто не е чудно доколку почнете да чувствувате стомачни тегоби кога сте изложени на голем стрес. Доколку болките ги трпите веќе подолго време задолжително обратете се кај лекар. Медицинското лице може да ви помогне со давање совети, посебна диета или лекарства.
Во меѓувреме за да си помогнете самите движете се што е можно повеќе. Со вежби и пешачење се зголемува нивото на хормонот ендрофин кој придонесува за благосостојбата на умот, а со тоа и на телото.
2. Опаѓање на косата
Од 3 до 6 месеци по претрпување на голем стрес како губење на работата или прекинување на долга врска, може да забележите зголемено опаѓање на косата (губењето околу 40-120 влакна дневно се смета за нормално). Хормонот андроген кој се зголемува за време на стрес може да влијае на губењето коса.
Штом го забележите зголеменото опаѓање потрудете се да го намалите стресот што е можно повеќе и обрнете големо внимание на исхраната која треба да биде здрава и балансирана.
3. „Играње“ на очните капаци
Стресот може значително да влијае врз имунолошкиот систем предизвикувајќи хибернација. Неконтролираното движење на мускулот од очниот капак трае неколку минути, а стресот се смета за еден од најголемите причинители за оваа појава. Кога ќе ви се случи ова затворете ги очите и обидете се да се опуштите. Вдишете длабоко, држете го здивот неколку секунди, потем долго издишете. Повторете го ова неколку пати, лесно притиснувајќи го местото со врвот на прстот.
Ваквата појава може да се случи и поради солзењето кое го суши окото. Доколку ваквото неконтролирано движење се прошири и на други делови од лицето задолжително обратете се кај лекар бидејќи може да станува збор за грч.
4. Акни
Исто како и за опаѓањето на косата, хормонот андроген е задолжен за појавата на акни кои може да се предизвикани од стресот на кој сте изложени. Најдобро е да се обратите кај дерматолог, особено доколку акните не се повлекуваат. Во меѓувреме трудете се да не ги стискате бидејќи кога сте под стрес ќе биде потребно повеќе време за да ви заздрави местото.
Дерматологот може да ви препорача лекови (девојките неретко се одлучуваат за апчиња за контрацепција кои истовремено помагаат при регулирање на акните), кои не смеете да ги земате на своја рака. Исто, проблемот може да се реши со козметички производи како и со промена на исхраната. Препорачливо е жените многу да внимаваат и на шминката која ја користат бидејќи одредени производи придонесуваат за затворање на порите.
5. Болки во грбот
Хормоните кои вашето тело ги произведува за време на стрес го покачуваат пулсот, крвниот притисок и ги затегаат мускулите. Болките во грбот се очекувана појава кога сте изложени на стрес, особено доколку вашето работно место ви налага седење и работа на компјутер.
Вежбите се најдобар лек. Трудете се да станувате и да се раздвижувате на секој еден час, протегнете го телото и издвојувајте макар половина час во текот на денот за пешачење.
6. Осип на кожата
Стресот може да предизвика осип по целото тело или влошување на веќе постоечки осип. Кога сте под стрес вашиот имунолошки систем не е толку моќен па вашата кожа е подложна на инфекции поради бактеријата стафилокок. Од друга страна, доколку телото автоматски пробува да се заштити може да дојде до преголема чувствителност на кожата и појава на егзема (црвенило и гнојни меури проследени со јадеж на кожата).
Разни медицински креми можат да ви помогнат да се ослободите од осипот, но доколку истиот е придружен со треска и неконтролирано потење, задолжително посетете доктор.