Сокот содржи неколку намирници кои сите посебно се извонредно корисни за здравјето, но заедно во комбинација го имаат овој моќен регенерирачки ефект.

Цвеклото и морковот во комбинација со ѓумбир, целер и јаболко има огромна способност да го топи салото од стомакот.

Сите што започнале да го консумираат овој сок биле инспирирани да започнат поздраво да се хранат. Биле охрабрени и сè повеќе биле задоволни од својот изглед.

Кога Питер Карвел го објави рецептот на својот Јутјуб канал, за приготвување на фантастичниот напиток за слабеење, сите “полудеа” по него. За многу краток период беше прегледан од 2 милиони луѓе.

Имено, доколку не сте некој љубител на зеленчукот, мора да знаете дека природните сокови се одличен начин во своето тело да внесете хранливи материи.

Но, ако покрај тоа ги искомбинирате вистинските намирници, ќе добиете моќен напиток кој ги топи масните наслаги од стомакот и го чисти организмот од наталожените штетни материи.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 поголема главица цвекло
2-3 свежи моркови
4-5 гранчиња целер
1 рака свеж спанаќ
1 јаболко
1 свежа краставица
2 ротквици
1 лажица рендан ѓумбир
1 лимон

ПОСТАПКА:

Исчистениот зеленчук и јаболкото исцедете ги во соковник и додека е свеж сокот испијте го. Не го оставајте за подоцна, бидејќи постепено ги губи лековитите својства.

Сокот е најдобро да се консумира наутро на гладен стомак.
Од оваа количина би требало да добиете околу половина литар сок.

Оние што го пробале велат дека сокот е толку хранлив, што после него немаат потреба да појадуваат се до ручекот.

Сокот ќе ви даде енергија за цел ден!