Дехидратацијата во лето може да доведе до многу проблеми, а загубата на калиум може да биде опасна. Затоа, треба да знаете кои се овошните плодови на кои можете да им…
Дехидратацијата во лето може да доведе до многу проблеми, а загубата на калиум може да биде опасна. Затоа, треба да знаете кои се овошните плодови на кои можете да им се доверите, за вашето тело да биде хидрирано и здраво.
Кајсии
Кајсиите се моќно овошје кога станува збор за вашата кожа и тело, поради тоа што содржат многу антиоксиданси и витамини. Овие плодови можат да го надоместат загубениот калциум, а се богати и со растителни влакна, бета каротен и витамин Ц. Вклучете ги кајсиите во вашето секојдневно мени и нема да имате проблеми со главоболка и вртоглавица.
Манго
Мангото е идеален извор на растителни влакна и витамин Ц. Мангото содржи два пати повеќе витамин А, од препорачаните дневни потреби. Направете си салата и уживајте.
Сливи
Сливите се лесно достапно овошје. Богати се со витамин Ц и содржат антиоксиданси, кои го заштитуваат телото од штетното дејство на слободните радикали. Сливите можат да помогнат во заштитата од срцеви заболувања, рак и други болести.
Лубеница
Лубеницата е најдоброто овошје, за да го одржувате вашето тело хидрирано во лето. Таа содржи многу вода и со тоа можете да ги надоместите загубите на течности во телото. Ова овошје не содржи многу калории, затоа и луѓето кои се на диета можат да уживаат во него. Лубениците се богати со витамин А и Ц, кои се потребни за здрави кожа, коски и срце.
Јаготки, малинки, боровинки, капинки
Консумирајте ги овие плодови колку што можете почесто. Растителните влакна и витамините кои ги има во овие овошја, ќе ви ја дадат потребната енергија. Исто така можат да ви помогнат во борбата со вишокот килограми. Идеални се како ужина, помеѓу оброците.