Паторот кој лесно може да се изнервира, ликот од цртаните на Волт Дизни – Пајо Паторот штотуку наполни 90 години. Некогаш беше опишан од Волт Дизни како „проблематично дете“ од плејадата на главните ликови на неговата компанија за анимација, меѓу кои се Плутон, Гуфи и Мики Маус. Но, на крајот, тој се појави во повеќе кратки филмови, филмови и серии на Дизни – кои се проширија во цел „универзум“ на Пајо Паторот – повеќе отколку кој било од неговите анимирани колеги.
Патка со човечки особини, со неразбирлив говор, облечена во морнарска облека – но без панталони – Пајо Паторот влета на големото платно во 1934 година со кусо појавување во краткиот цртан филм „The Wise Little Hen“. Овде, безделничната патка ја поставува платформата за неговите идни несреќи бидејќи прави се за да избегне да ѝ помогне на мајката кокошка да засади пченка.
Таа година Доналд стана иритиран, вжештен познаник на ѕвездата на Дизни, Мики Маус во цртаниот филм „Придобивка за сираците“, со што започна децениското ривалство со неговата колешка цртана икона.
Три години подоцна, во 1937 година, Доналд за прв пат ја зазеде централната улога во кратки цртани филмови како што е мексиканскиот сет „Дон Доналд“, во кој гледачите се запознаваат со неговиот љубовен интерес, Дејзи Дак и „Модерни пронајдоци“, каде што тврдоглавиот патор е фрустриран во свет управуван од роботи.
Во Donald Gets Drafted, гледачите можат да ја видат плочката на која е наведено неговото средно име како Фонтлерој.
КОЈ МУ ГО ПОЗАЈМИ ГЛАСОТ НА ПАТОРОТ?
Познатиот гласовен актер можеби го инспирирал создавањето на ликот
Кларенс Неш имал талент за имитации на животни, изјави за NPR филмскиот историчар Џеј Би Кауфман. Гласовниот актер веќе работеше хонорарна работа за Дизни пред да ја преземе иконската – и честопати неразбирлива – улогата на Пајо Паторот, според Кауфман. Кауфман рече дека на Неш делумно треба да мусе заблагодари за создавањето на Пајо Паторот – гласовниот актер умееше да изведе глас кој наликуваше на јарешки и со него да ја отпее некогаш популарната детска песничка „Мери имаше мало јагне“ и кога Волт Дизни го слушна ова, си замисли патка што зборува.
A new 2D-animated ‘HOW NOT TO DRAW’ short starring Donald Duck has been released.
The beloved character turns 90 this year.pic.twitter.com/5ZUNKGg0Nt
— Disney Animation Promos (@DisneyAPromos) June 3, 2024
Неш, исто така, ги позајмувал гласовите на внуците на Пајо Паторот, вујкото Скруџ, а понекогаш дури и на Мики Маус, според историското друштво на Оклахома. Се додека Неш не се пензионираше од Дизни во 1971 година, тој често го изведуваше својот глас на патка за децата кои беа во болници. Последен пат го изрази Пајо Паторот за Божиќната песна на Мики во 1983 година, пред да умре од леукемија во 1985 година.
Од 1985 година, Тони Анселмо е главниот глас зад Пајо Паторот. Тој бил трениран од самиот Неш за улогата, според веб-страницата на Холивудската патека на славните.
ЗНАЕВТЕ ЛИ ДЕКА ПАЈО ПАТОРОТ ИМА СЕСТРА БЛИЗНАЧКА?
Иако повеќето обожаватели знаат дека Пајо Паторот има тројца внуци – Хјуи, Дјуи и Луи – некои можеби не знаат дека тој има сестра близначка. Дела Дак, близначка на Пајо Паторот и мајка на тројцата внуци на Пајо Паторот, се појавува во ТВ шоуто DuckTales, кое дебитираше во 2017 година како рестартирање на претходното шоу, според Асошиетед прес. Дел од приказната на Дела Дак во серијата е за нејзиното несреќно слетување на Месечината, поради што изгубила нога.
На топ-листата 50-те најголеми цртани ликови на сите времиња, Пајо Паторот се рангираше на 43-то место на листата во 2002 година, споделувајќи ја листата со други сакани ликови како Багс Бани, Хомер Симпсон, Гринч и Сунѓерот Боб, објави Си-Ен-Ен.
Иако е цртан лик, Пајо Паторот си доби и ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд (Sunset Boulevard). На саканиот лик на Дизни му беше доделена холивудска ѕвезда на церемонија на 9 август 2004 година. Неговата ѕвезда се наоѓа на бул. Холивуд 6840, според веб-страницата Холивуд Булеварот на славните.
Пајо Паторот глумеше во филм кој доби Оскар. Во 1943 година, Пајо Паторот се појави во Лицето на Дер Фирер, антинацистички политички сатира краток филм, според ABC7. Филмот ја освои наградата Оскар за најдобар краток цртан филм.
Пајо Паторот е и училишна маскота. Ликот на Пајо Паторот е инспирација зад маскотата на Универзитетот во Орегон, иако официјалната маскота е позната како Орегонската патка. Во неформален договор, Дизни му дозволи на универзитетот бесплатно да го користи ликот на саканиот цртан лик за неговата маскота, сè додека „се користи на реномиран начин“, се вели на веб-страницата на универзитетот. Кога Волт Дизни умре во 1966 година, неговиот имот и универзитетот сфатија дека нема официјален договор за маскотата, па двете страни „работеа на создавање писмен договор во кој се наведени условите за континуираната употреба на Доналд како официјален претставник на патките во Орегон“, соопшти универзитетот на својата веб-страница.