Голем број од пациентите кои прележале ковид се соочуваат со различни невролошки компликации. На Клиниката за Неврологија за еден месец се дијагностицирани различни состојби, а најчестите се автоимуните заболувања. Ова за дел од македонските медиуми го изјави директорот на Клиниката за неврологија, доктор Иван Барбов, кој посочил дека кај дел од пациентите промените се јавуваат многу брзо и тоа во рок од две до три недели по прележувањето на вирусот.
Во својата изјава, Проф. Барбов појаснил дека најчестите компликации се автоимуните болести, кога во организмот се создаваат антитела кои ги напаѓаат сопствените клетки, што значи дека одреден дел од организмот се препознава како туѓо тело кое подоцна е нападнато од создадените антитела.
Причината за ваквата состојба е самата природа на вирусот, кој може да ги измени клетките површински така што имунолошкиот систем повеќе не ги препознава како свои, создава антитела против себе и ги напаѓа, објаснил Др.Барбов.