Општата болница во Охрид се соочува со блокирана жиро сметка и долг кој секојдневно се зголемува. Според информациите кои се пренесуваат по македонските електронските портали, станува збор за долг поголем од 3,5 милиони евра, а она што навистина загрижува е дека болницата ги нема на располагање шесте возила за итна медицинска помош кои се неизоставен дел на секоја поголема здравствена установа.

Од Министерството за здравство посочиле дека ја следат состојбата и работата на сите здравствени установи, но во случајов поради состојбата со пандемијата произлегле трошоци кои не можеле претходно да се предвидат. Така определениот буџет со кој располага оваа здравствена установа претходно бил усогласен во соработка со ФЗОМ.

Охридската општа болница во моментов позајмува возила од Здравствениот дом во Охрид, што е случај и со други болници, а како решение за проблемот се посочува спојување со Здравствен Дом, кое според директорот на Општата болница, Горан Балески, би било подобра формула за успех.