Здравствениот систем во нашата земја секој ден станува предмет за исмевање. Најдобар пример дека здравствениот систем е урнисан. Додека условите во Здравствениот дом во Скопје се за никаде, ама затоа директорот, Злате Мехмедовиќ и градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски славеа на големо.
Директорот на здравствен дом наместо парите да ги искористи за подобрување на условите во самиот дом, тој ги користи за прослави при што се запазени сите обичаи кои се потребни за празникот. Имено да потсетиме дека и сегашниот градоначалник на Гази Баба до вчера работеше во Здравствен дом, Скопје на Бит Пазар. И тој како градоначалник наместо да донира средства за подобрување на стандардот во здравствениот систем се придружува на прославата која ја организираше директорот на здравствениот дом.
На сликите може да се види богата гозба со изобилие на храна и пијалоци и згора на тоа и музика.
До кај оди здравствениот систем во Македонија, според ова што се шири по социјалните мрежи е голем знак прашалник. Дури се пооправдано е што граѓаните се повеќе се сомневаат во функционалноста на самиот систем.