Како може фирма која што нема искуство и нема дозвола да работи со складирање и уништување и транспорт на опасен отпад се нашла во кругот на фабриката и стапила во контакт со опасен хемиски отпад тоа треба надлежните да дадат одговори, изјави Ели Пешева од О2 иницијатива во емисија на една македонска телевизија каде се разговараше за хаваријата која се случи во фабриката Охис.
Пешева истакна дека во регистарот за дозволи за транспорт на опасен отпад од јануари 2019 година има 12 издадени дозволи, 4 од нив се истечени, една истекува за некој ден, но ниту една од нив не припаѓа на Еко центар 97. „Ова што сега се случи изминативе денови е едно крајно неодговорно работење и загрозување на животот и здравјето пред се на граѓаните, а секако и на животната средина.
Многу прашања остануваат отворени и во овој момент не ги добиваме адекватните одговори, бидејќи тоа што се добива како некаква полуинформација се коси со информациите кои што се официјално поврзани со компанијата која што била ангажирана“ вели Пешева и додава: „Според изјавата на самиот сопственик на компанијата тие немале служба која што следела како се отстранува отпадот.“ Пешева посочи дека според договорот кој што го потпишале должни се да имаат 24 часовен надзор, такво нешто нема и притоа немало никој кој што бил таму присутен и кога се случило тоа испуштање на хемиската материја и не знаеме што точно се случило