Незадоволството и револтираноста кај граѓаните се повеќе расне. Од вчера во секоја аптека да отидат граѓаните велат дека можат да земат лекови но само на приватна листа, со рецепта преку фонд не може бидејќи квотите веќе се исполнети.
За осум дена веќе нема лекови. Граѓаните се лути и по социјалните мрежи повикуваат на одговор зошто квотата толку бргу се исполни, некои од пациентите не можат да си дозволат своите лекарства да си ги земат приватно бидејќи чинат поголема сума на пари. Министерството за здравство и ФЗОМ засега не даваат одговори и молчат