Почнува клиничко испитување со хлорокин против коронавирусот

Во Франција почна европско клиничко испитување за проценка на четири експериментални третмани за борба против коронавирусот, соопшти денеска Националниот институт за здравство и медицински истражувања. Третаманот е наречен „Дискавери“ и…

Во Франција почна европско клиничко испитување за проценка на четири експериментални третмани за борба против коронавирусот, соопшти денеска Националниот институт за здравство и медицински истражувања. Третаманот е наречен „Дискавери“ и во него има хлорокин или хлорокинин, што е третман против маларија, со кој се добиени ветувачки резултати во борбата против коронавирусот.

Тестирањето го спроведува професорот Раулт, директор на Болничкиот универзитетски инстиут во Марсеј. За шест дена, професорот инјектирал дваесеттина пациенти со „Ковид-19“ со доза од 600 мг дневно на Плакенил.

-Спектакуларно е, просечното оптеретување на вирусот се нормализира за 20 дена. Пациентите кои не го добиле Плакенил, после шест дена сè уште носат 90 отсто од вирусот, додека оние кои добиле третманот се 25 отсто позитивни, објасни докторот на 16 март 2020 година. Тој заедно со хлорокинот користел и третман со азитромицинза да се избегнат секундарни бактериски инфекции ”.

Освен во Франција, слични студии биле спроведени во Кина, Иран, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.

Клиничкото тестирање што ќе почне  „има за цел да ја анализира ефикасноста и толеранцијата на терапевтските опции за пациенти во ограничено време“, се објаснува во соопштението за печатот.

Во францускиот дел на тестовите, ќе бидат  вклучени најмалку 800 пациенти со тешки форми на коронавирусот. Вкупно ќе бидат опфатени 3.200 пациенти во Европа, поточно во Белгија, Холандија, Луксембург, Велика Британија, Германија и Шпанија.

Добиените податоци ќе бидат споделени со уште едно меѓународно тестирање под името „Солидарност“, што ќе се спроведе под покровителство на Светската здравствена организација.

Клиничкото тестирање доаѓа кога се повеќе и повеќе се бара хлорокинот да се користи за борба против коронавирусот. Министерот за здравство на Франција повика на претпазливост, потсетувајќи дека надежите побудени од некои третмани понекогаш биле разочарувачки.

Ако овој третман е ефикасен, ние ќе им го понудиме на Французите без одлагање“, рече Оливиер Веран, додавајќи дека неколку пациенти третирани во француските болници експериментирале со тоа. Според него, во рок од 15 дена  треба да има консолидирани податоци за резултатиите од тестирањето.


Related Articles