Животот не е розов и работите на терен не се розови за жал. Не е спорно дека се преземени одредени чекори, меѓутоа мораме да признаеме сепак за жал заедницата за хендикеп остана најмаргализирана и најизолирана за разлика од останатите заедници, појасни Елена од „Полио плус“.
Различни се формите на деинституционализација кои што се спроведуваат и во различни земји. Она кое што мора во Македонија да се договориме е дека на кој начин на деинституционализација е се уште институционализација. И тоа го кажуваат и членовите на ОН комитетот на Обединети нации за прашањата на лицата со хендикеп. Групните домови, згрижувачките семејства ви се повторно форми на институционализација. Односно од 100 правите 10. Затоа може вака да се започне процесот на деинституционализација меѓутоа мора да заклучиме дека ова е сепак институционализација. И тука да бидеме на чисто може вака да се почне но мора да се работи и на серија други работи, образложи Елена од „Полио плус“.