Полицаец од пограничната полиција, кој бил на должност на јужната граница на нашата држава, по враќањето во Унгарија бил тестиран и е позитивен на коронавирусот.
– Вчера биле направени анкети на триесетина странски полицајци на јужната граница и 30 наши, кои биле во контакт со полицаецот кој заминал. Анкетите се завршени и издадени се решенија за изолација, информира министерот за здравство Венко Филипче.