Попладнево се очекува во Македонија да пристигне уште еден лет кој во земјава ќе донесе нова тура на патници од Италија.
Според Министерот за здравство, Венко Филипче, нема место за паника бидеќи зајакнати се контролите на граничните премини, како и аеродромите во земјава.
Во тек е и итна набавка на заштитна опрема за медицинските лица кои работат во овие делови.
Откажани се и сите екскурзии на основни, средни училишта како и универзитетите.
Следен брифинг Филипче најави за утре во попладневните часови.