До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник. УВ индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10.

Прогноза за 21.07.2023: Минимална температура ќе се движи од 15°C до 24°C, а максимална температура од 34°C до 42°C. Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе изнесува 10.

Прогноза за 22.07.2023: Минимална температура ќе се движи од 14°C до 25°C, а максимална температура од 36°C до 43°C. Се очекува сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. УВ индексот повторно ќе изнесува 10.

Прогноза за 23.07.2023: Минимална температура од 15°C до 24°C, а максимална температура од 34°C до 42°C. Времето продолжува да биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен, на места засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. УВ индексот ќе изнесува 10.