Проектот „Рурален лекар“ ќе се надгради. Министерството за здравство ќе обучува лекари и болничари за давање лекарска помош низ руралните зони, а исто така ќе се формираат екипи со поголем број персонал кои ќе се ангажираат низ зони каде нема амбуланти. Министерот за здравство изјави дека од средината на септември во Кочани и Битола ќе почне спроведувањето на овие новини.
Меѓу амбулантите кои се во тешка состојба, во делот на инфраструктурата и лекарскиот персонал, е и амбулантата во Ѓорче Петров, за која денеска беше потпишан договор за соработка помеѓу општината и министерот за здравство, со цел оваа институција да добие нов објект.
Во село Јажинце општина Теарце, жителите со години бараат отворање на амбуланта додека жителите на село Мерово општина Желино, патуваат околу десет километри за да стигнат до најблиската амбуланта.
Жителите на Месница во општина Зелениково исто така страдаат поради недостиг на просторија каде можат да извршат контроли или да добија прва помош. Додека амбулантата во Шуто Оризари, воопшто не личи на здравствен дом. За сите тешкотии кои ги доживуваат граѓаните, министерството за здравство вели нема заинтересиран лекар кои сакаат да работат во далечни зони од градовите.