Маж од Солун, кој имал близок контакт со веќе заразена жена со новиот коронавирус, е осмиот потврден случај на Ковид-19 во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопшти претставникот на грчкото Министерство за здравство, професорот Сотирис Циодрас, задолжен за следење на состојбата со коронавирусот, мажот е во изолација, во болница во Солун.
Од потврдените осум случаи на Ковид-19 во Грција, четири се во Солун, четири во Атина.