Во Германија денеска се потврдени првите два смртни случаја од коронавирусот, објавија германските медиуми.
Министерството за здравство во Северна Рајна-Вестфалија соопшти дека станува збор за едно лице во Хајнсберг и едно во градот Есен.
Претходно, 60-годишен пожарникар од Хамбург почина за време на одмор во Египет.
Според Институтот „Роберт Кох“, моментално во Германија од коронавирус се заразени 1.112 лица.