Срцето е најважниот мускул во нашето тело – неговото движење живот значи. Иако на сите ни е кристално јасно дека не треба да правиме компромис кога станува збор за здравјето на срцето, сепак има некои лоши навики кои ги чуваме во нашите животи, бидејќи не сме свесни дека му штетат на овој витален орган.
Колку подолго седиме, толку поголем е ризикот за оштетување на срцето, а тука посебно треба да се нагласи срцевата слабост. Анализата на крвта открива дека кај лицата кои седат подолго време во денот, имало повисоко ниво тропонин.
Во посебно ризичната група спаѓаат оние кои седат просечно повеќе од девет часа, а освен од оштетувања на срцето, се зголемува и ризикот од појава на дијабетес и други слични болести. Она што посебно треба да се истакне, е дека во тие околности, ниту вежбање не може многу да помогне, сметаат стручните лица.
Засега не е познато зошто седењето е поврзано со ослабнувањето на работата на срцето, па за тоа ќе бидат потребни дополнителни истражувања.
Исто така предолгото седење пред телевизор го зголемува ризикот од срцеви заболувања, како и од висок крвен притисок и дијабетес. Американските научници тврдат дека луѓето што повеќе од четири часа на ден гледаат телевизија, имаат 50 % поголема веројатност од срцеви проблеми и рана смрт од оние што гледаат ТВ два часа дневно.