Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите.
Црвениот крст упатува голема благодарност на сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција за поддршка на настраданото население.
Досега се обезбедни вкупно: 20.932.654,00 денари. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани.
Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства преку:
– Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
– Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
– Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228