Со примена на вежбите за дишење би можело да се надминат респираторните проблеми кај повозрасната популација, но и да се заштитат пациентите од евентуални компликации на ковид-19“, пишува во соопштението од Министерството.
Респираторната гимнастика, како што се вели, е важна алка во време на пандемија со ковид-19 на која треба да ѝи се посвети големо внимание. Овој тип на вежби можат да бидат прилагодени за различни групи на возрасна популација зависно од нивните коморбидитети.
„Целта на респираторната гимнастика има за цел да се активира мускулатурата и да се зајакнат дишните мускули, да се зголеми подвижноста на градниот кош, да се подобри проодноста на дишните патишта и да се продлабочи дишењето, стимулира циркулацијата на крвта и да се урамнотежи работата на кардиоваскуларниот и респираторниот систем и да се спречи хипотрофија на мускулите и слабеење на целиот организам.
Придобивки од респираторната гимнастика се подобрување и нормализирање на респираторната функција, воспоставување на рамнотежа меѓу дишењето и циркулацијата на крвта, подобра заситеност на организмот со крв и отстранување на јаглерод диоксидот, обновување на здравјето и работната способност на луѓето“, се додава во информацијата од Министерството за здравство.
Во изготвениот прирачник можат да се најдат сите корисни совети со вежби, препораки при изведување на вежбите за дишење, како и совети зошто е потребно да се внимава при изведувањето на респираторната гимнастика.