Владата во Македонија е одговорна за високиот процент на заразени и починати од Ковид 19, бидејќи бројките покажуваат што работеле во изминатата година.
Хрватскиот молекуларен, биолог, проф. Иван Ѓикиќ од Универзитот Гете во Франкфурт упати критика до Владата, тој смета дека состојбата во државата е алармантна поради малиот процент вакцинирани, објави една од нашите телевизиски куќи.
За ваквата состојба тој вели дека не е запоставуваното здравство или слабата економија, туку недовербата на најголем дел од граѓаните кон Владата, но и Владата која се однесувала неодговорно во текот на пандемијата- немало добра кампања за вакцинација, имало собири на политичари, голем дел од нив не се вакциниранирале.
Ѓикиќ порача – заради нискиот степен на вакцинираност, заради невакцинираните, ќе се заразуваат се повеќе и вакцинирани бидејќи заштитата од вакцината со текот на времето слабее.