Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне во делови од регионот со појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20°C, а максималната од 27 до 34°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C): 10 Лазарополе, Берово, 12 Маврови Анови, 14 Битола, Попова Шапка, Крива Паланка, Претор, Тетово, Прилеп, 15 Охрид, Крушево, Струмица, 16 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, 17 Демир Капија, Гевгелија, Скопје-Зајчев Рид, 18 Кавадарци, Виница, Штип.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C): Охридско Езеро 23.0, Преспанско Езеро 22.0, Дојранско Езеро 26.6.