Сознанието дека вашиот биолошки часовник отчукува може да биде застрашувачко. Бројот на јајце клетки со години се намалува, а бременоста по 35-тата година може да биде ризична.
Меѓутоа, сè повеќе истражувања откриваат дека тоа може да има и некои изненадувачки предности.
Ќе бидете ментално посилни
Раѓањето на детето подоцна во животот може да ве направи ментално посилни, а тоа може да значи дека ќе бидете под помал стрес бидејќи сте стекнале некое ново животно искуство. Жените кои родиле дете по 24-тата година подобро ги решаваат проблемите од своите врсници отколку оние кои станале мајки пред тоа доба.
Ќе бидете емотивно поспремни
Чувството на зрелост е сè поголемо со текот на годините, а истражувањата сугерираат дека зрелоста игра голема улога во родителството. Холандските истражувачи го проучувале психосоцијалниот развој на две групи на деца на возраст од 7, 11 и 15 години. Во едната група, мајките на децата биле постари од 31 година, а во другата група биле помлади од 30 години. Постарите мајки поретко пцуеле и физички ги казнувале децата, а децата на постарите мајки подобро се однесувале, биле посоцијализирани и емотивно постабилни до 13-тата година од животот.
Детето ќе биде пообразовано
Што подолго чекате со раѓањето на детето, толку поголема е шансата дека вашето детето подобро ќе ја разбере напредната технологија.
„Децата на постари родители имаат корист од образовниот, технолошкиот и социјалниот напредок остварен со годините на подоцнежно раѓање на детето“, вели д-р Камила Филипс.
Една шведска студија утврдила дека децата на постарите родители имаат поголеми шанси да бидат поздрави и пообразовани. Многу е важно да бидете свесни за одговорноста која вашата нова животна улога ја носи со себе и можноста на вашето дете да му обезбедите раст и развој во позитивна околина.