Додека пред македонските граѓани и пред меѓунардната заедница, Владата на чело со СДСМ манипулира ветувајќи професионализација на администрацијата, на домашен терен и во македонските институции истовремено го спроведува спротивносто, односно продолжува да спроведува притисоци врз професионалците и гола партизација на институциите.
Имено, извесен период раководните структури во Фондот за здравствено осигурување повикувале, а и се уште повикуваат на разговор службеници со звање – раководител на подрачна единица на Фонд за здравство. За време на истиот, се бара од нив да потпишат изјави за согласност за преминување на друго работно место.
Оваа пракса не се појавува за прв пат и само во оваа институција, туку и во други и тоа веднаш по доаѓањето на власт се правеше во помалку или повеќе во речиси сите институции. Па така искусни професионалци со долгогодишно искуство во службата им се врши притисок да се согласат доброволно да ги отстапат своите работни места, стекнати согласно Законот за јавни службеници.
Целта е една, нивните работни места присилно треба да отстапат и да се вдомат партиските кадри на СДСМ.
Додека раководните структурии немаат слух, а не го почитуваат ниту законот јавноста бара одговори.
Зошто се прави ова? Како може да има потреба во исто време да се сменат сите раководители на подрачните единици? Зарем сите направиле пропуст во исто време?! Зарем сите се несооодветни како кадар за местото на кое се поставени?