Снежана Захариева, директор на Болницата во Куманово, заедно со Светлана Спасовска, началник на Одделение за анестезија, реанимација и интензивно лекување, од понеделникот се на семинар во Италија. Според наши извори, станува збор за семинар кој треа седум дена.
-Лицата се се уште во Италија и веројатно имаат контакст со семејствата, но нема кој да ја менаџира кумановската болница, нема никакви конкретни мерки, нема дополнителна набавка на маски, средства за дезинфеција, вели нашиот извор.
Во меѓувреме министерот за здарвство Венко Филипче информира дека има целосна организација и менаџирање на ресурсите за превенција од корона вирусот. Но, освен за овој пропуст, се жалат и од здравствените домови, болниците и други јавни здравствени установи дека нема основна опрема.
-Нема маски, нема средства за дезинфекција. Средствата за дезинфенција се потребни во нормални услови во здравсвтвените установи, а не во ваква ситуација, вели нашиот извор.