На местото на досегашната директорка д-р Милена Стевановиќ сега е назначен д-р Фадил Цана, кој е инфектолог на инфективната клиника.
Досегашната директорка Милена Стевановиќ беше на чело на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатите седум години, вклучувајќи го и периодот на пандемијата со коронавирусот.
Засега нема официјални информации за причините за смената на директорската позиција на клиниката.