Регистриран 21 нов случај со Ковид-19 во Македонија, вкупниот број изнесува 1999 граѓани

Во Македонија во последното деноноќие, регистриран е 21 нов случај на Ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-3, Штип-1 и  Тетово-5. Вкупниот број на дијагностицирани се искачи на 1999, а бројот…

Во Македонија во последното деноноќие, регистриран е 21 нов случај на Ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-3, Штип-1 и  Тетово-5. Вкупниот број на дијагностицирани се искачи на 1999, а бројот на починати изнесува 113. Во моментов во нашата држава имаме 477 активни случаи.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и Берово-1.

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 54 пациенти. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се 3 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани се 21 пациент. На респиратор се 6 пациенти, а со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на ковид-19.


Related Articles