Епидемиолозите открија два нови случаи на инфицирани со коронавирусот во Гостивар. Со неодамнешните во општина Гостивар, до денес активни се вкупно четири, колку што има и во соседната општина Врапчиште.
Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, двата нови случаја се регистрирани во селото Чегране.
Со оглед дека работат во јавни установи, епидемиолозите денеска ќе тестираат најмалку педесет нивни колеги и роднини кои, според анкетите, во изминатиот период биле во контакт со нив.
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари ја оценува состојбата како стабилна, но предупреди на можно зголемување на бројот на заболени, како дел од вториот бран на пандемијата.Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 370 тестови, а во моментов активни се вкупно осум случаи. Од последица од коронавирусот, починаа три лица.