Состојбата со коронавирусот во Кина и натаму ги загрижува светските здравствени власти. Според прценките на здравствените власти во Пекинг, речиси 37 милиони луѓе во Кина можеби биле заразени со Ковид-19 во еден ден оваа недела, пренесуваат медиумите низ светот.

Околу 248 милиони луѓе, или речиси 18 отсто од населението, најверојатно се заразиле со вирусот во првите 20 дена од декември, според записникот од интерниот состанок на кинеската Национална здравствена комисија одржан во средата, потврден од луѓето вклучени во дискусиите, објавуваат светските медиуми. Ако информацијата е точна, стапката на инфекција би го намалила претходниот дневен рекорд од околу 4 милиони, од јануари 2022 година.

Според проценките на агенцијата, повеќе од половина од жителите на провинцијата Сечуан, на југозападниот дел на Кина и главниот град Пекинг се заразени.