Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2464 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-189, Куманово-14, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-27, Струга-7, Велес-12, Битола-9, Охрид-5, Кавадарци-8, Гостивар-6, Гевгелија-15, Струмица-15, Крива Паланка-4, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-6, Ресен-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од: Скопје-34, Куманово-7, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-3, Велес-1, Битола-2, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-4, Радовиш—2, Пробиштип-2, Берово-5, Валандово-2, Свети Николе-2, Кичево-2.
Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (83г.), Куманово (62г.), Кичево (80г.) и Радовиш (54г.).
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 родители позитивни на ковид-19, а нема хоспитализирани суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 24, а во болницата во Штип се 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 200, позитивни и сомнителни на Ковид-19.