Дали веќе сте пробале розова паста? Ако не сте, тогаш дефинитивно е нешто што треба да го направите, ако сте, тогаш треба да го пробате овој рецепт. Оваа паста е подготвена со сос од цвекло и не само што изгледа како вистински модерен оброк, туку е и многу здрав ручек.

Состојки:

300 гр тестенини по желба
300 гр цвекло
лук во прав
маслиново масло
сол
бибер
две и пол лажици фета сирење
пармезан
оригано

Подготовка:

За почеток, ставете ги тестенините да се варат, а во меѓувреме подгответе го сосот. Цвеклото исчистете го и измијте го.

Цвеклото прелијте го со малку маслиново масло и ставете го во рерна да се пече на 180 степени околу 15 минути. Кога ќе го извадите од рерна, изблендирајте го и додадете лук, сол и бибер. Додадете вода за да биде како пире.

Измешајте го пестото од цвекло со пастата и малку оригано, а потоа со рака издробете ја фета и додајте ја во пастата. Можете да го измешате или да го оставите одозгора.

Додадете малку пармезан и послужете.