САД соопшти дека во наредните две недели глобално ќе подели 80 милиони дози, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.
Говорејќи на заедничка прес-конференција со претседателот на Костарика, Карлос Алварадо, Блинкен изјавил дека администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, ќе се фокусира на подеднаква дистрибуција на дози и нема да се води од политички одлуки за време на процесот, јавува Ројтерс.
Во понеделниот Бајден изјави дека администрацијата во светот ќе подели најмалку 20 милиони дози од вакцината Фајзер/БиоНтек, Модерна и Џонсон и Џонсон, како и 60 милиони дози АстраЗенека.
-Во наредните две недели ќе објавиме како ќе тече процесот по кој ќе дистрибуираме вакцини, изјавил Блинкен.