Во Црвениот крст досега се собрани над 54 милиони денари донации за настраданите во пожарот во Кочани. Откако ќе ги собереме сите потребни изјави за користење на лични податоци на повредените и нивните семејствата веднаш ќе пристапиме кон исплата на паричната помош, најави Саит Саити, генерален секретар на републичкиот Црвен крст.
Тој на денешната прес конференција во врска со преземаните активности за поддршка на настраданите од катастрофата во Кочани и начинот на исплата на финансиска поддршка од собраните донации на семејствата на загинатите и повредените посочи дека собирањето на личните податоци и согласност за нивно користење се предизвик кој го успорува процесот на исплата на паричната помош и дека за негово надминување се вложувале натчовечки напори.
-Согласно законските прописи, почитувајќи го Законот за заштита на личните податоци, Црвениот крст е потребно да обезбеди согласност за обработка на личните податоци. Викендов успеавме да ги собереме податоците, денеска се пристигнати кај нас, се договоривме за лицата кои се лекуваат во странство податоците да ги соберат службите на Владата, дел се добиени денеска, а бевме информирани дека остатокот во текот на денот ќе го добиеме. Јас се надевам дека со натчовечки напори тоа ќе успееме да го завршиме денеска или утре и веднаш ќе пристапиме кон исплата на средствата. Денеска раководниот одбор донесе одлука за секој настрадан да се исплати сума од 150 илајди денари како првична финансиска и најитна помош, информира Саити.
Посочи дека во наредниот период Црвениот крст ќе биде посветен на теренските активности, особено во делот на пружање на психолошката поддршка за која тој рече дека наредниот период ќе биде најпотребна.
-Психолошката поддршка продолжува да се дава во континуитет во наредниот период. Во соработка со Министерството за образование, Црвениот крст презема обврска во наредните 60 дена со сите училишта на територијата на Кочани и Штип да организира систем на психолошка прва помош во соработка со локалните самоуправи, но и на останатите граѓани доколку тоа биде побарано. Психолошката помош е најпотребна верувајте дека имаме повици секојдневни и тековни од училиштата, пред се, на територијата на Кочани, па и од Штип, затоа што замислете им ги нема другарите од класот им ги нема луѓето со кои секој ден се дружеле и тој проблем е многу приоритетен и сериозен и тоа е сега најприоритетната потреба. Исто така, деновиве има заинтересирани донатори подготвени на подолгорочни програми за работа на тие места. Еден таков состанок имаме денеска со голем донатор кој сам пројави интерес наредниве година до две со нивна поддршка да работиме на повеќе програми кои ќе значат помош на луѓето во Кочани, изјави Саити.
Во однос на инцијативите за собирање донаци на платформи на социјалните мрежи рече дека ја почитува желбата на граѓаните да помогнат, но дека е против објавување на лични податоци на настраданите.
-Не би било добро Црвениот крст да биде тој што ќе ги означи и критикува оние кои сакаат да направат платформа и да помогнат за да не бидеме сфатени дека само ние сакаме да бидеме единствени. Гледаме дека има различни амбици има една иницијатива во Кочани и би кажал само дека не би се осмелиле како Црвен крст да користиме личен податок на некој и да го објавиме на таков начин со цел да спречиме во иднина можна злоупотреба на тие податоци, рече Саити.
Тој воедно информира и какви донации биле извршени во болниците каде се наоѓаат повредните од пожарот.
-Црвениот крст достави помош во болниците во Кочани, 200 ќебиња и постелнини, 10 инвалидски колички, во Штип беа донирани 200 комплети постелнина во Скопје 300. Возилата на Црвениот крст за санитетски транспорт беа ставени во функција на институциите на системот за превоз на пациентите од Кочани во болниците во Скопје. Беа отворени телефонските линии за донации 143 300 на сите оператори, сметката на фондот за солидарност за уплата на денари и странса валута, онлајн платформата за донации на веб страната на Црвенот крст, во конатк сме со партнерските национални друштва од земјите каде се хоспитализирани повредените од пожарот, каде им се обезбедуваа поддршка на семејствата на повредените, особена поддршка е понудена од организациите на Црвениот крст на Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска и Грција, изјави Саити.
Службите на Црвениот крст беа на располагање за организацијата како и за време на погребот на жртвите од пожарот во Кочани, каде нуделе прва помош, психолошка и логистичка поддршка.
– Црвениот крст учествуваше во организирање на погребот на починатите лица и ги презема активностите за координација со надлелжните служби од главниот штаб на Владата, Министерството за внатрешни работи, Институтот за судска медицина, МПЦ, јавните претпријатија, градоначалниците на општините, финанализирање на списокот со податоци во комуникација со МВР и со Судска медицина, обезбедување погребална опрема за починатите, ангажирање на овластени оператори за погребалните услуги за превоз на починатите, беа ангажирани 20 тимови на Црвенот крст, 10 тимови за прва помош и 10 за психосоцијална поддршка во соработка со комората на психолози на сите локации. Беа вклучени 165 вработени волонеери, распоредени на сите места каде беа извршени погребите, 25 возила на Црвен крст, беа поставени пунктови за логистичка поддршка на сите места каде беа извршени погребени, соопшти Саити.