Колку пати ви се случило да купите пилешко во продавница за да направите ручек или вечера, но не сте стигнале или едноставно не ви се ви се јадело па сте го ставиле во фрижидер? Тогаш, дали знаете колку долго тоа парче пилешко може да стои во фрижидер и како да знаете кога е расипано? Постојат три работи кои можете да ги видите дали пилешкото е расипано, а тоа е бојата, мирисот и текстурата.
Пилешкото природно има многу светла, розова боја, а ако забележите дека бојата избледува и се претвора во сива и темна боја, тоа значи дека пилешкото се расипува. Покрај тоа, расипаното пилешко има многу силен и лош мирис кој веднаш укажува дека веќе не е добро да се јаде. Нормално е и природно пилешкото да има малку лигава и влажна текстура, но ако остане таква и после миењето, пилешкото повеќе не е добро и треба да се фрли.
На крајот, секогаш е најважно вашето здравје, па ако и само се сомневате дека пилешкото е расипано, подобро фрлете го наместо сериозно да се разболите.