Бесплатните вакцини за заштита од сезонски грип, за пациентите над 65 години, се потрошија веднаш откако беше соопштено дека почнува вакцинацијата, се жалат матичните лекари и пациентите. Дополнително тоа што пензионерите мора да вадат упат и да закажуваат терми за вакцинирање во електронскиот систем „Мој термин“ создаде уште повеќе проблеми.
-Вчера кога отидов кај лекарката имаше многу гужва за закажување навакциирање. Ја оставив книшката и подоцна кога отидов даја земам ми кажаа дека јас сум последна закажана, за тие што дошле по мене немало веќе термини – раскажува една пензионерка.
Лилија Чолкова Дервишова, претседател на Здружението на матични лекари вели дека термините се пополниле зошто биле пуштени мал број. Таа забележува и за начинот на кој се спроведува бесплатната вакцинација.
-Слободни термини има за трудници и за мали деца, но кај овие категории нема интерес за вакцините. Пенционерите пројавија најмногу интерес. Но вака да доаѓаат по упати кај нас, па да закажуваме, само ја ископлицира работата. Требаше тоа да си биде преку центрите за јавно здравје – вели Чолаков-Дервишова.
Некои пациенти обезбедиле „термини под рака”, но како тоа се прави не објаснуваат. Пациентите прашуваат и зошто се бара упат за пензинерите кога и така сите имат право да се вакцинираат, а не само одредени категории.
Од Министерството за здравство пак велат дека нема гужва кај матичните лекари за вакцинација против сезонски грип.
„Напротив, со вклучувањето на бесплатна вакцинација против сезонски грип и во трите поликлиники Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствениот дом во Скопје се растовари гужвата. Ова е начинот како се оди по редослед, прво со закажувањето на вакцинација преку матичен лекар се избегнува гужвата во Центрите за јавно здравје, која би се створила и би била многу поголема доколку пациентите не се упатени со точен датум и време. Само до денеска 19.089 граѓани закажале бесплатна вакцинација кај матичен лекар”, се вели во одговорот од ресорното министерство.