Речиси два месеци откако почна новата учебна година, голем број ученици од основно и средно образование ги немаат сите учебници. Родителите во недостиг на решение, фотокопираат и се изложени на дополнителни трошоци. Министерот за образование, Арбер Адеми, вели дека чекаат зелено светло од Бирото за јавни набавки за потоа да се дистрибуираат нови текстови.
„Сè уште сме во процес на финализација на процесот со школските текстови за кои ексклузивност има МОН и за што Бирото за јавни набавки треба да ја заврши процедурата и проверките што се прават. Тие имаат обврска да го направат тоа кога се работи за јавна набавка од висок износ.“
Освен со немањето книги, учениците се соочуваат и со друг голем проблем, многуте правописни и содржински грешки кои со години ги има сега во сегашните учебници. Слично како и изминатите години од МОН ветуваат дека грешките ќе се поправат, вклучително и обврските кои произлегуваат од договорите со Грција и Бугарија.
„Добро, но вие знаете дека сме во процес на финализација на обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа и од Договорот со Бугарија и кога во Државната комисија ќе имаме финален продукт тогаш и од меѓународен аспект внатре во државата школските текстови ќе се преиспитуваат заедно со програмите и тогаш на време ќе ве информираме во која наставна единица ќе има некоја евентуална корекција.“ посочува министерот Арбр Адеми
Училишни текстови со најмногу правописни и содржински грешки имаат книгите по историја, географија, општество и други предмети од природните науки.