На надвозникот на автопатот Гевгелија-Скопје, во правец кон село Прдејци, во текот на вечерните часови пред неполн ден полицајци му сигнализирале на товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки по што тоа нагло сопрело и возачот се дал во бегство.

По извршениот преглед во возилото, на кое биле ставени регистарски ознаки од друго возило, биле најдени 46 мигранти од Пакистан, Иран, Сирија, Ирак и од Авганистан.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Кога Мила Царовска ќе излезе со јасен став за мигрантите?