Инфектологот Жаклина Шопова од Инфективната клиника во Скопје на својот профил на Фејсбук сподели статус во кој му упатува неколку прашања на министерот за здравство Венко Филипче:
– Почитуван Г-дине министре, нема да коментирам овојпат за троцифрената бројка на новозаразени и за превземените превентивни мерки кои делимично беа укинати, надевајќи се дека нема да дојде до ова. Нема ни да Ве прашам зошто Комисијата за заразни болести не Ви ги напомена и верските обичаи на нашиот народ во Р.Македонија без разлика на националност…но ќе Ве прашам:
1. Како им помагате на преморените здравствени работници?! …со мобилизација на здрав.работници на кои им е потребно време за прилагодување во една нова работна средина, и само што ќе се прилагодат ги менувате со нови, на кои исто им треба прилагодување !?
2. Со планот кој сте го имале подготвен за справување со ваква ситуација, а истиот го менувате на дневна основа!?…
3. Со користење на понудената помош од приватните болници ?!…
4. Кој Ви е планот за останатите пациенти, кога ќе им ги одземете сите здравствени работници за да се справат со оваа ситуација која сте ја предвиделе!?..
– Дали и за тој план ќе решавате на дневна основа? Дали секој еден граѓанин кој има неприкосновено право да добие соодветна здравствена помош, секаде и секогаш кога за истата ќе има потреба ќе му ја обезбедите со сите Ваши изготвени Планови кои ги менувате на дневна основа???
….се надевам одговорот за сето ова ЌЕ следи…само нека не биде на дневна основа!!!