Сигурно ви се случило повеќепати: Ви се оди во тоалет, но бидејќи немате каде или не сакате да одите во јавен тоалет, се стегате и решавате да трпите до дома. Па како изгледа овој процес во организмот и како влијае на вашето здравје?
Одговорите на овие прашања лежат во мочниот меур и во нервниот систем. А за да го разбереме сето ова, треба да знаеме како изгледа целиот процес што доведува до уринирање.
Најпрво, бубрезите создаваат урина, што е комбинација од вода и остатоци од храната што ја консумирате, која што потоа оди во мочниот меур. Како што се полни, мочниот меур се шири како балон. Откако ќе се наполни, урината автоматски се ослободува во мочниот канал и застанува кај надворешниот мочен свинктер, кој се опушта или стега, во зависност од командите кои ќе бидат испратени по нашиот нерверн систем – да се уринира во моментот или не.
Па што ќе се случи ако не ја извршите оваа природна функција на телото подолго време?
Обично, мочниот меур задржува околу 200 милилитри урина, кога меурот се шири доволно за да почуствувате преку рецепторите дека е време за тоалет. Кога течноста ќе стигне до 500 милилитри, меурот уште повеќе се шири и станува непријатно. Ако стигне до максималните 1.000 милилитри, односно еден литар, мочниот меур може да прсне. Повеќето луѓе би изгубиле контрола на свинктер пред да се случи ова и би уринирале против своја волја, но во ретки случаи меурот може да прсне и да предизвика оргомна болка и потреба да хируршки зафат.
Свинктерот и мускулите околу него се најважни за непречени и здраво уринирање. Но држење на урината предолго, насила исфрлање на вашата урина, или уринирање без добра физичка поддршка може со тек на време да ги ослабне овие мускули и да предизвика несакано уринирање, болка во мочниот меур, чувство на итност и слични непожелни ситуации. Затоа никогаш не е добро да го одложувате уринирањето, се вели во предавањето на TED-Ed.