Епидемија се прогласува кога една зараза болест се шири многу брзо и заразува многу луѓе. Доколку епидемијата не може да се контролира и продолжува да се зголемува, властите може да ја наречат пандемија што значи дека доволен број луѓе се заразени во различни делови во светот и тоа се смета за глобална опасност.
Всушност, пандемија е епидемија во светски размери. Низ историјата има различни примери на пандемија, а во ова видео ќе видиме објаснување зошто Covid-19 не е пандемија.
Ако вирусот се шири низ различни континенти и региони може да се прогласи пандемија, но Covid-19 се прошири од Кина во други земји преку луѓе кои го рашириле од Кина. За да стане пандемија треба да биде проширен од луѓе кои воопшто немале контакт со заразени од вирусот, односно од непознат извор.
Некои вакви пандемии се случиле пред многу години, како Шпанскиот грип од 1918 година, кој нема врска со Шпанија, започнал во Канзас и бил пренесен во Европа. Околу 500 милиони луѓе биле заразени, додека од него починале 50 до 100 милиони лица. Тоа е повеќе од починатите во Првата светска војна.
Повеќе за ова тоа што претставува пандемија дознајте од ова интересно видео на ASAP Science.