Милиони жени се во голем ризик од развој на рак на јајници затоа што го игнорираат еден од главните симптоми на оваа болест. На прво место се незнаењето и неинформираноста кои ги изложуваат жените на ризик ракот на јајници да не го препознаат навреме. Докторите предупредуваат дека главниот симптом на ракот на јајници е надуеноста, а дури секоја петта жена во Велика Британија знае дека ова може да биде знак за аларм. Во споредба со ракот на дојки каде речиси 3 /4 жени знаат дека промената на градите во вид на јазолчиња е симптом кој бара понатамошни лекарски прегледи, симптомите на ракот на јајник остануваат непознатица.
Докторката Анвен Џонс, директорка на Цетарот за истражување на рак на јајниците вели дека неговот рано открвање е клуч за излекување, и дека ширењето на свеста за овој вид тумор меѓу жените е клучно.
„Неприфатливо е жените да не ги знаат овие податоци. Сакам секоја жена која има генетска предиспозиција за рак на дојка или јајници да седне и да се запраша ’дали знам кои се точните симптоми’, вели докторката.
Истражување, исто така, открило дека само една од три жени ќе појде на лекар доколку почувствува постојана надуеност. Повеќето ќе пробаат со пробиотици или исхрана без глутен пред да појдат на гинеколог.
Предупредувањата доаѓаат откако се појавија податоците дека на една од пет жени и се дијагностицира рак на јајници, кога е премногу доцна за подложување на каков било третман на лекување.
Ако ракот на јајници се открие навреме, излекувањето е можно во 90 отсто од случаите.
Останати слимптоми на рак на јајници може да бидат:
Болка во стомакот и карлицата;
Чувство дека брзо сте се најале;
Зачестено мокрење;
Болка во грбот;
Промена во празнењето на цревата;
Губење на тежината за кое нема објаснување.