Истражувањето на американскиот Центар за контрола и превенција на болести покажа дека две од пет жени имаат срце дури 5 години постарo од остатокот од телото.
Таканаречениот синдром на старо срце се однесува на неговото здравје и работа, што може да биде показател за можни идни болести.
Доколку сакате да пресметате колку е старо вашето срце може тоа да го сторите со помош на калкулатор за срце.
Во калкулаторот треба да ги внесе податоците за вашите години, крвниот притисок, индексот на телесна маса, состојбата на шеќерот во крвта (дијабетес).
Резултатот треба да ја открие состојбата на вашето срце, но и процентот на ризикот од срцеви заболувања во наредните 10 години.