Системот на Заев, Спасовски и Филипче потфрли: За едно деноноќие 62-ца заразени и 2 починати од Ковид 19

За само едно деноноќие земјава регистрира 62 новозаразени. Најголем број повторно се во Скопје – 24 ца. За едно деноноќие 62 лица заразени од ковид-19 и двајца починати За само…

За само едно деноноќие земјава регистрира 62 новозаразени. Најголем број повторно се во Скопје – 24 ца.

За едно деноноќие 62 лица заразени од ковид-19 и двајца починати
За само едно деноноќие земјава регистрира 62 новозаразени. Најголем број повторно се во Скопје – 24 ца.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1.

Во ГОБ „8 септември” починал пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е пациент од Гостивар (64г.) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.

Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Велес-1, Гостивар – 3, Кочани – 1 и Валандово-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541. Последната дистрибуција по градови е следната:

• Скопје – 841, активни 267

• Куманово – 455, активни 45

• Дебар – 51, активни 0

• Штип – 76, активни 41

• Прилеп –211, активни 41

• Тетово – 210, активни 78

• Струга – 84, активни 14

• Велес – 130, активни 30

• Битола –28, активни 3

• Охрид –23, активни 6

• Кавадарци – 5, активни 0

• Гостивар –26, активни 6

• Гевгелија – 4, активни 0

• Струмица – 3, активни 1

• Крива Паланка- 6, активни 0

• Радовиш – 4, активни 0

• Крушево – 3, активни 0

• Кочани – 33, активни 2

• Пробиштип – 2, активни 0

• Кичево – 3, активни 1

• Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод – 2, активни 0

• Пехчево- 3, активни 0

• Делчево-1, активни 0

• Валандово -2, активни 1

• Виница – 3, активни 1

• Кратово-2, активни 0

• Берово-1, активни 0

• Свети Николе-1, активни 1.

Направените 771 теста се преку: ИЈЗ –447, ЦЈЗ Скопје- 15, Авицена –27, Биотек -92, Филип Втори (Жан Митрев) –6, Систина со PCR метода -70 и МАНУ -114. Досега во земјата се направени вкупно 29575 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември” примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи уште 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 28 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.


Related Articles