Претставниците на хороскопскиот знак Лав се луѓе кои имаат голема телесна и умствена сила, огромен потенцијал и сето тоа умеат да го искористат на вистински начин.

Нивните апетити се големи, волјата цврста, а самодовербата јасно изразена. Одлично знаат што сакаат, а веќе имаат и план како тоа ќе го постигнат. За да сфатите Лав, треба да ја сфатите и нивната средина, приватната, професионалната и социјалната.

Лавот е оној кој има способност да доминира. Сè што прави, прави од срце. Се однесува како актер на сцена, па дури и замислува дека некој од страна го набљудува и оценува. Му треба внимание, воодушевување, аплауз… Не сакаат нивниот талент да помине незабележан. Егото му е преголемо, а тоа воопшто не му помага во одредени ситуации реално да ги согледа нештата.

Ги нервира кога некој е поталентиран и поспособен од нив. Сакаат да бидат покровители, иницијатори, заштитници, а особено се добри кон оние кои им се лојални и кои ги сакаат. Едно е сигурно, без Лавовите светот би бил едно здодевно место за живеење.

Сакаат луксуз и скапи предмети, инстинктот никогаш не ги лаже, емотивни се, но тоа никако не го покажуваат. Претеруваат, а ако нема драма, тогаш со задоволство самите ќе ја измислат.