Главната расправа за предметот „Насилство во Центар“ денеска продолжи откако претходното беше одложено поради боледување на обвинетиот Милан Андоновски. Денешното судење, пак, е одложено за 19 април.
СЈО на рочиштето посочи дека побарале инспекција во врска со боледувањата на Андоновски, поради кои судењето трипати беше одложено.
Инспекторатот испратил екипа во приватната медицинска ординација и специјалистичката државна клиника од каде на Андоновски му беше издадено боледување непосредно пред минатото рочиште во март.
Инспекцијата ги одзела медицинските документации за обвинетиот и ги предала до Лекарската комора и до Фондот за здравствено осигурување од кои што институции била формирана комисија која ги разгледала документите, наведе Плусинфо.
-Изготвен е извештај и било констатирано дека при издавање на специјалистичкиот извештај се направени пропусти во повеќе наврати – рече обвинителката Фатиме Фетаи.
Таа најави дека против овие лекари ќе бидат покренати соодветни постапки