Само скандали, неработа, неодговорност и негрижа е главната особина со која се карактеризираат последните 11 месеци во МТСП откако со него управува Мила Царовска и СДСМ.
Наместо да се фати за работа и да ги почне да ги спроведува работите кои ги ветуваше за време на изборите, ниту едно од ветувањата кои ги даде не ги исполни. Таа дури и од собраниската говорница ревносно изјавуваше дека „нема деца питачи по скопските улици“. Но фактите кажуваат сосема поинаку.
Не само што има деца питачи по главните сообраќајници, туку тие се буквално насекаде. Доволно е да е се прошета само по Камениот мост, Старата скопска чаршија, низ трговските центри и по главните пешачки улици, ќе се види десетина дечиња како просат.
Но затоа Царовска може да се пофали со само еден реализиран проект. Таа наместо да се справи со ваквото питачење доследно ја спроведува двојазичноста на дело. Така на последното соопштение од МТСП до јавноста е напишано покрај македонскиот и на албанскиот јазик. Тоа се ќе беше во ред ако Царовска успееше да го среди хаосот во министерството која самата го води. Но наместо да ги решава проблемите на граѓаните очигледно Царовска има попаметна работа да средува.
Така да граѓаните сеуште чекаат социјалната помош да биде 12 илјади денари која Царовска ја вети дека ќе ја донесе во првите 6 месеци како и редица други зголемувања за кои исто така ветуваше дека ќе ги донесе.
Царовска исто така стана центар на внимание со огромниот мега скандал кој го потресе домот за деца “25 Мај“ каде беа силувани малолетни девојчиња но во исто време се соочува и со секојдневни исчезнувања на малолетници од истиот дом.
Дојде животот, зацарува Царовска со МТСП, дали тоа е живот или потоп, не е битно! Битно Царовска знае да не и биде гајле за македонската популација на два јазици…секоја чест за царицата!